
Меган Маркл објави семејна фотографија, предизвика критики кон децата
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 13 Мај 2025

Меган Маркл (43) објави фотографија на својот инстаграм-профил со своите деца, принцот Арчи (6) и принцезата Лилибет (3), по повод Денот на мајките.
И покрај срдечната порака и семејната атмосфера, некои корисници на социјалните мрежи повторно се фокусираа на теории и критики коментирајќи го изгледот на децата, особено бојата на нивната коса и должината на нозете на Лилибет.
Меган напиша покрај фотографијата: „Среќен Ден на мајките! За сите нас што успеваме да балансираме сè со радост!“
Таа додаде порака до своите деца: „И на овие два бисера, кои сè уште се обидуваат да ја освојат мајчината планина, опсипете ме со бакнежи и направете го секој ден посебна авантура… да бидам ваша мајка е најголемата привилегија во мојот живот“. На крајот од објавата таа напиша: „И јас ве сакам повеќе од сите ѕвезди на небото, сите капки дожд и сите зрна сол на сите помфрити во светот“.
Кратко по објавата, корисниците на социјалните мрежи почнаа да коментираат за промените во изгледот на децата. Тие најмногу дискутираа за бојата на нивната коса. Еден корисник напиша: „Каде е сега црвената коса на Арчи и Лили, Меган Маркл?“ Други додадоа: „Косата ја смени бојата“ и „Косата им е потемна сега“. Еден корисник забележа: „А што е со косата на Арчи? Груба, густа, виткана и црвена… а сега црна и целосно права“.
Освен за косата, тие коментираа и за ногата на Лилибет тврдејќи дека е невообичаено долга во споредба со претходните фотографии. Еден корисник напиша: „Како Лили порасна за само седум недели?“ Друг додаде: „Треба да почнат да изнајмуваат повеќе деца соодветни на возраста алудирајќи на шпекулациите дека Меган и принцот Хари користат други деца за фотографии.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
