(Фото) Шпанската кралица повторно ги диктира трендовите

 

Кралицата Летиција, дефинитивно, е другото име за бескрајна инспирација и вечна елеганција, без разлика што носи.

 

 

Таа ја користи секоја можност да изненади со внимателно избрани модни парчиња и секогаш е меѓу првите што го диктира стилот.

 

Веќе е познато дека секојпат кога се појавува, воодушевува, а неодамна, со неколку модели на пролетни фустани, направи вистинска возбуда во светот на модата.

 

 

Овој пат убавата кралица покажа дека еднакво добро може да носат тесни елегантни костими, како и лабави, преголеми, кои се сè почести денес.

 

Летиција на еден настан во Мадрид прошета во сив преголем костим, под кој носеше едноставна бела блуза.

 

Ширококото дворедно сако ѝ даде на шпанската кралица допир на елеганција и софистицираност, а широките панталони со изразен раб го надополнија целиот изглед и повторно ја поставија Летиција на модниот трон.

 

Едноставни обетки и прстен беа изборот на кралицата, која и овој пат не сакаше да претерува со деталите, а успеа на свој уникатен начин да покаже како преголемите парчиња облека може да бидат совршено женствени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.