Автомобил удри во бандера во Скопско, возачот загина

 

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер на регионалниот пат Драчево-Катланово, во атар на с.Морани.

 

Според информациите на МВР, автомобил „фолксваген бора“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(27) од с.Студеничани, скопско, удрило во рефлектирачко столбче на патот, ограда и во бандера која паднала врз возилото.

 

Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Додека со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник Џ.Т.(22) од с.Студеничани, скопско, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

 

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.