(Видео) Принцот од Врање по елиминацијата: „Го оставив срцето на сцената“

Принцот од Врање, претставникот на Србија на Евровизија, настапи претпоследен во втората полуфинална вечер. Тој се натпреваруваше со баладата Мила, но не успеа да стигне до финалето.

 

 

Откако беше елиминиран од натпреварот, тој се огласи на својот Инстаграм профил.

 

 

„Ви благодарам на сите прекрасни луѓе што гласаа и ме поддржаа мене и српскиот тим. Дадовме сѐ од себе, го оставив срцето на сцената и се надевам дека тоа беше почувствувано. Задоволен сум и горд на целиот тим. Ве сакам сите многу. Ајде да продолжиме понатаму“, рече тој.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.