Касиљас го крена гласот против Меси и Златната топка
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 30 Ноември 2021
Легендарниот шпански голман Икер Касиљас, со жестоки критики се огласи на социјалните мрежи, по завршувањето на церемонијата, на која беше доделена Златната топка.
Играч на годината, во изборот на „Франс фудбал е Лионел Меси. Аргентинецот седми пат во кариерата ја доби оваа награда.
Голем дел од фудбалскиот свет смета дека наградата ја заслужи Роберт Левендовски или Жоржињо.
„”Сè потешко ми е да верувам во фудбалските награди. За мене Меси е во првите пет фудбалери во историјата, но мора да почнете да ги наградувате оние кои биле најдобри во годината. По ѓаволите тоа не е толку тешко да се направи. Некој друг тоа го отежнува”, напишал Касиљас на „Твитер“.
Меси Златната топка ја освои со 33 гласови повеќе од Левендовски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс