Не сакав да седам на маса со земји кои не’ прогласија за непријатели, рече бугарската министерка која го напушти Скопје пред да стигне Лавров
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 02 Декември 2023
Не можам да седам на иста маса со луѓе кои имаат антибугарски и антиевропски манифестации, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи на Бугарија, Марија Габриел.
Таа го коментираше бугарското учество на состанокот на ОБСЕ во Скопје.
Габриел само неколку часа престојуваше во Македонија и, како и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, си замина пред да пристигне рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
„Бев во Скопје да му оддадам почит на претседавањето во ОБСЕ. Дополнително, имаше вечера на европските лидери на која секој од нас требаше да изјави дека сме таму затоа што не сакаме да ја потпишеме смртта на ОБСЕ“, рече Габриел, пренесе „БГНЕС“.
„После оваа вечера, мимслам дека моето присуство не требаше да биде физичко таму, па затоа заминав. Не сакам да присуствувам со претставници на земји кои не’ прогласија за непријателски“, рече Габриел.
Бугарија претходно не дозволи прелет на авионот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, над нивниот воздушен простор бидејќи во него се наоѓала и портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.
Лавров во Скопје стина преку Грција, а Захарова потегот на Софија го нарече опасна глупост.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс