Израел повторно го нападна Бејрут за прв пат по неколку дена

За првпат по неколку дена Израел го нападна главниот град на Либан – Бејрут.

 

Арапскиот портпарол на израелските одбранбени сили ги предупреди цивилите во областа Дахие – за која се верува дека е упориште на Хезболах – дека воздушните сили ја гаѓаат зградата.

 

Тоа е првиот напад во близина на главниот град од двата напади во кои на 10 октомври загинаа 22 лица во густо населена населба.

 

Очевидци слушнале експлозија и виделе облак чад утринава, додека ИДФ соопшти дека целта бил објект за оружје.

 

„Хезболах го складираше ова оружје во подземен магацин во областа Дахие, клучното терористичко упориште на Хезболах во Бејрут“, се вели во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.