Иран ги предупреди ОН дека е подготвен на решителен одговор во случај на израелски напад

Иранското Министерство за надворешни работи го предупреди генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, дека официјален Техеран е подготвен одлучно да возврати доколку дојде до израелски напад врз таа земја.

 

„Иако Иран прави сеопфатни напори за заштита на мирот и безбедноста во регионот, тој е целосно подготвен за решителен и болен одговор на какви било израелски авантури“, соопшти денеска кабинетот на иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, пренесува „Ројтерс“.

 

Шефот на иранската дипломатија е во посета на Јордан, Египет и Турција како дел од иранската дипломатска иницијатива насочена кон земјите од регионот со цел да се стави крај на геноцидот, ужасот и агресијата, пренесува „Танјуг“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.