Филков: Се потпираме на електронските верзии, пред да замине од функцијата Лога си ги зел документите со препораки од оценската мисија на ЕУ

Пред да замине од функцијата, ексминистерот за правда Кренар Лога, од кабинетот во Министерството со себе го земал документот со препораки на Судскиот совет изработен од Оценската мисија на Европската комисија, рече актуелниот министер за правда Игор Филков, додавајќи дека во тек е постапка за случајот и оти ќе се бара одговорност. Вели дека и покрај тоа што документот е класифициран, тој бил земен од неговиот претходник, а Министерството за правда повеќе не располага со него.

 

„Голем предизвик во реализација на оваа активност претставува фактот дека Министерството за правда не располага со толку споменуваниот документ со препораките од Оценската мисија на Европската комисија по однос на Судскиот совет. Иако документот е класифицирана информација, истиот бил земен од мојот претходник, заради што Министерството не располага со истиот“, изјави Филков.

 

Филков додаде дека како резултат на тоа, во Правда биле принудени да се ослонат на електронски верзии на дел од документот што ги содржи исклучиво препораките, без соодветните образложенија за истите и официјалниот допис на Европската комисија. Посочи и дека функцијата ја презел без примопредавање и со испразнет кабинет од потребната документација.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.