Шефот на СЗО: Речиси сите во Газа се гладни

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека речиси сите во Појасот Газа се гладни нарекувајќи ја ситуацијата нехумана, пренесува „Анадолија“.

 

„СЗО повикува на итен пристап до целата хуманитарна помош, почнувајќи од храна и лекови за тешко неисхранети деца на кои им е потребен итен третман“, напиша Тедрос Аданом Гебрејсус на X.

 

СЗО продолжува да повикува на прекин на огнот бидејќи најдобриот лек е мирот, додаде тој.

 

Од 2006 година Израел ја одржува блокадата на Газа претворајќи го регионот во она што многумина го опишуваат како најголемиот затвор на отворено во светот.

 

Израел ја продолжи офанзивата врз Газа по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, која повикува на итен прекин на огнот.

 

Оттогаш, според локалните здравствени власти, повеќе од 42.400 луѓе, главно жени и деца, се убиени, а повеќе од 99.100 се повредени.

 

Израелскиот напад го расеал речиси целото население на Појасот Газа поради тековната блокада, што доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови, пренесуваат медиумите.

 

Израел се соочува со обвинение за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за постапките во Газа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.