Уште една голема победа за Трамп, сега тој освои сѐ
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 14 Ноември 2024
Републиканците вчера ја зацврстија својата контрола врз Претставничкиот дом откога задржаа неколку критични места во Аризона и Калифорнија и ги победија демократите во клучните области.
Републиканската партија сега има контрола врз Белата куќа, Сенатот и Претставничкиот дом овозможувајќи им да ја спроведуваат агендата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
Тие освоија тенко мнозинство, но дури и тоа претставува извонреден триумф и пресврт за републиканците, кои пред само една година беа загрижени дека гласачите ќе ги казнат за хаосот и дисфункционалноста што го зафати Претставничкиот дом под нивно водство, пишува „Њујорк тајмс“.
Републиканските лидери најавија дека имаат намера да ја искористат својата позиција за брзо усвојување закони, вклучително и широк пакет даночни намалувања, олеснување на регулативите за производство на нафта и гас и построги мерки за безбедност на границите.
„Републиканците во Домот и Сенатот имаат мандат“, рече спикерот Мајк Џонсон на прес-конференција пред Капитол во вторникот. „Тоа беше решавачка победа на целата нација“.
„Токму тука ќе го подигнеме знакот ‘Америка на прво место’“, рече тој подоцна.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс