Холандија ги испрати последните два авиони Ф-16 за обука на украински пилоти во Романија
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 21 Ноември 2024
Холандија ги испрати последните два од вкупно 18 ветени борбени авиони Ф-16 на обука во Романија, каде се обучуваат украински пилоти и персонал за одржување на авиони, соопшти холандското Министерство за одбрана.
Холандија, исто така, вети дека ќе и испорача 24 Ф-16 на Украина. Холандската влада во септември објави дека следната година ќе го зголеми буџетот за одбрана за повеќе од 10 проценти.
Украина почна да го користи првиот контингент борбени авиони Ф-16 што ги доби од западните земји во август. Се очекува тие да добијат вкупно 65 од овие авиони во текот на оваа и следната година.
Четири европски земји, Белгија, Данска, Холандија и Норвешка, испратија голем број од нивните авиони Ф-16 што ги купија од САД. Украинските власти повеќе од две години бараат од западните земји да им ги испратат тие американски авиони.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс