Дел од неколку општини без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека имаат планирано неколку прекини со водоснабдување и тоа:

– поради уличен дефект ф-250мм на ул. Џон Кенеди бб (пред пензионерскиот дом), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Топанско Поле-висока зона.Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот. (Општина Чаир)

– поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул. Тетовска 33, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности. (Општина Центар)

– поради изведување на водоводен приклучок од ф-2“ на ул. Салвадор Аљенде, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучувајќи ги Амбасадите на Република Франција и Британија. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности. (Општина Шуто Оризари)





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.