Шестмина туристи во Лаос испиле вотка и починале, сè почна од една фабрика
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 03 Декември 2024
Полицијата во Лаос го уапси сопственикот на фабриката за која се верува дека е изворот на метанолот, кој отру и уби шест туристи, меѓу кои и две тинејџерки од Австралија и еден британски адвокат.
Фабриката се наоѓа недалеку од главниот град и беше позната по производството на локални брендови, вотка Tiger и виски Tiger. По случката со труењето, властите ја затворија фабриката и ја забранија продажбата на овие производи во целата земја.
Тинејџерите Бјанка Џонс и Холи Боулс, и двете 19-годишни, се меѓу шесте туристи на кои им се слошило додека биле на одмор во Ванг Виенг, популарна туристичка дестинација северно од Виентијан.
Девојките престојувале во хостелот „Нана бакерс“, каде што полицијата уапсила осум члена на персоналот. По труењето на 13 ноември, и двете биле итно пренесени во две болници на Тајланд. Бјанка почина во болницата „Удон Тани“, а Холи неколку часа подоцна во болница во Бангкок.
Заедно со нив починаа и британската адвокатка Симон Вајт (28), две девојки од Данска, Ен-Софи Оркилд Којман (20) и Фрела Венервалд Соренсен (21), и Американецот Џејмс Луис Хатсон (57). Сите пиеле контаминирани алкохолни пијалаци, имено вотка, за која се верува дека содржела смртоносна количина метанол.
Министерството за здравство на Лаос објави дека забраната за продажба на вотката Tiger и вискито Tiger останува во сила додека производителот не ги подобри стандардите за безбедност на производството. „Еј-би-си њуз“ објави фотографии од фабриката.
Во врска со случајот досега се уапсени вкупно 12 лица, меѓу кои двајца Индијци и една Филипинка, кои работеле во хостелот во кој престојувале девојките. Против осомничените сѐ уште не е поведено обвинение.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс