Ројтерс: Трамп има три планови за решавање на конфликтот во Украина
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 04 Декември 2024
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп има три планови за решавање на конфликтот во Украина, кои ги претставија идниот американски потпретседател Џеј-Ди Венс, поранешниот директор на националното разузнавање Ричард Гренел и идниот специјален пратеник за Русија и Украина Кит Келог. пишува Ројтерс наведувајќи свои извори.
Според агенцијата, советниците на Трамп јавно и приватно даваат предлози за ставање крај на војната во Украина, кои вклучуваат отстапување на големи делови од таа земја на Русија во догледна иднина.
Во тие предлози се споменува и идејата за тргање на опцијата за членство на Украина во НАТО „од масата“, според Ројтерс.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс