Брнабиќ: Следната година носи многу предизвици за Србија и регионот, целта е влез во ЕУ
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 23 Декември 2024
Претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ, денеска, на отворањето на амбасадорската конференција во Белград рече дека следната година ќе донесе многу предизвици за Србија и регионот.
Според неа, главната надворешнополитичка цел на Србија е да стане дел од европското семејство, односно да продолжи да ги исполнува критериумите за членство во Европската Унија.
„Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, постави цел да се завршат сите внатрешни реформи до крајот на 2026 година, а во тоа важна улога има парламентот. Ова е предизвикот пред нас, во кој ние мора да ги зачуваме нашите национални интереси, Србија го избра српскиот пат, кој секако е најтежок, но претставува најдобра опција за нашите граѓани“, рече Брнабиќ.
Таа додаде дека Србија, покрај европскиот пат, се стреми да ги зајакне односите со своите традиционални пријатели и да создаде посилни врски со земјите што ќе бидат клучни за иднината.
„Пред сè, мислам на африканскиот континент. Соработката со сите земји во светот е наш приоритет бидејќи тоа ќе донесе придобивки за сите наши бизнисмени, земјоделци и целата нација“, рече Брнабиќ.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс