„Празни две мeста во училишните клупи“: потресна објава на вработените во училиштето на Јован и Вукан

Малите Јован и Вукан загинаа од рацете на монструмот кој полни 36 минути сееше смрт на дури пет локации, а потоа со часови бегаше од полицијата. Вечерта кога бил лоциран и опколен, Мартиновиќ си пукал во главата и починал на пат кон болницата.

 

Цела Црна Гора, како и регионот, жали за невините жртви. Најголемата болка е за невините деца, кои никогаш повеќе нема да ги гушкаат родителите и нивните пријатели од улицата и од класот, пишуваат тамошните медиуми. Се огласи и училиштето во кое учеле двете момчиња. Во објава на „Фејсбук“ се простија од своите ученици.

 

„Ниеден ден, ниеден училиштен празник, никогаш повеќе нема да биде исто. Две места во училишните клупи останаа празни, а небото е побогато за двајца ангели – Јован и Вукан. Се сеќаваме и тагуваме во тишина“, пишува во објавата.

 

Мартиновиќ крвавиот напад го почна во 17.21 часот во меана, каде што ги уби Бранислав Мудреша (60), Радомир Марковиќ (70), Милош Мартиновиќ (39) и Мирко Вулетиќ (45), а ги рани М. В., роден 1984 година, А. М., роден 1983 година, и Д. К., роден 1985 година.

 

Со прегледот на надзорните камери е утврдено дека кога патролите се упатиле кон Баице, Мартиновиќ веќе се упатил кон населбата Хумчи, возел „фиат стило“ и се паркирал пред куќата на настраданите, неговите кумови Мартиновиќ. Во куќата на кумот првин го убил Још Оташевиќ (55). По Оташевиќ, во дворот од куќата го убил Мартиновиќ и ја ранил сопругата М. М. (45). Ранетата жена со телото успеала да го спаси детето бегајќи од Мартиновиќ.

 

Продолжувајќи, отишол во родителската куќа на убиените браќа Мартиновиќ и ги убил нивните татко и мајка – Радован (70) и Радмила Мартиновиќ (63). Истражителите го пронашле Радован Мартиновиќ убиен во фотелјата во дневната соба, а неговата сопруга во ходникот во куќата.

 

Во 17.39 часот полицијата дошла на првото место на злосторството – меаната, а шест минути подоцна било пријавено дека во населбата е извршено убиство, минута подоцна дека се убиени и браќата Вулетиќ – деветгодишниот Вукан и неговиот пет години постар брат Јован. Тие двајца се најмладите жртви на масовниот убиец Ацо Мартиновиќ.

 

Мартиновиќ, како што подоцна било утврдено, потоа пеш стигнал до возилото пред куќата на Мартиновиќ и се упатил кон домот на сестра си, 42-годишната Зорица Вулетиќ, и ѝ го одзел животот. Во полиција во 17.53 часот било пријавено дека била убиена во својот дом.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.