ФБИ објави нови фотографии од напаѓачот во Њу Орлеанс
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 03 Јануари 2025
ФБИ објави нови фотографии од Шамсуд Дин Џабар направени еден час пред да се влета со својот пикап во толпата луѓе на улицата Бурбон на новогодишната ноќ, при што загинаа најмалку петнаесет луѓе, а десетици беа повредени, пишува „Њузвик“.
Напаѓачот потоа излегол од камионот и почнал да пука во луѓето, а на крајот полицајците го застрелале. Во камионот подоцна било пронајдено знаме на Исламската држава.
ФБИ завчера го идентификува Џабар како осомничен, а објави дека е од Тексас и дека е воен ветеран. Тие објавија и дека го изнајмил белиот камион „форд“, со кој го извршил злосторството во Хјустон. Тие изјавија дека моментно спроведуваат повеќе истраги во Њу Орлеанс, како и градови во други сојузни држави, за да соберат што е можно повеќе докази.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс