„Чувствувам дека срцето ми се крши на милион парчиња“: Парис Хилтон објави видео од домот што изгоре до темел
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 10 Јануари 2025
Парис Хилтон на социјалните мрежи објави видео од остатоците од нејзиниот дом што изгоре во разорниот пожар во Лос Анџелес.
Парис ги растажи своите следбеници со видеото од својот дом на плажа во Малибу за кој платила повеќе од осум милиони долари во 2021 година.
Невиден пожар во Лос Анџелес ѝ ја уништи куќата, а наследничката на богатото семејство ѝ се обрати на јавноста со емотивни зборови.
„Стојам овде во она што некогаш беше наш дом и срцето ми е скршено. Кога првпат ја видов веста, бев во целосен шок – не можев да ја прифатам. Но, сега, додека стојам овде и гледам со свои очи, се чувствувам како срцето да ми се скрши на милион парчиња. Домот не беше само место за живеење – тоа беше место каде што сонувавме, се смеевме и ги создававме најубавите спомени како семејство. Тоа беше место каде што малите раце на Феникс создадоа уметност што ќе ја негувам засекогаш, каде што љубовта и животот го исполнија секој агол. Да се види како се претвора во пепел е поразително и не се опишува.Толку многу луѓе изгубија сè. Не се само ѕидовите и покривите – спомените се тие што ги направија овие куќи домови. Ова се фотографии, спомени, незаменливи делови од нашите животи“, напиша таа и додаде дека и покрај сè, се чувствува благословена што нејзините најблиски се безбедни.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс