Трамп: Имам намера да се сретнам со Ким Џонг Ун, тој е паметен човек
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 24 Јануари 2025
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има намера повторно да се поврзе со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
„Да, сакам“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз, на прашањето дали ќе се сретне со севернокорејскиот лидер, со кој се сретна три пати за време на неговиот прв претседателски мандат.
Трамп, кој ја презеде функцијата во понеделникот, го нарече севернокорејскиот лидер „паметен човек“.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун претхоно им се заблагодарил на војниците распоредени да се борат за Русија во војната против Украина и ги охрабрил во текст што се чини дека е негова новогодишна порака до војниците, се вели во извештајот на Вашингтон пост.
„Вашингтон пост“ објави извештај за рачно напишани пораки испратени од Ким Џонг Ун на 31 декември и 1 јануари, во кој се сугерира дека пораките можеби биле испратени до војниците кои се борат на страната на Русија од Пјонгјанг , објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс