Тинејџер од Романија избоден со нож во Германија, го нападнала група Сиријци
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 24 Јануари 2025
Тинејџер од Романија е избоден до смрт во Германија во брутален напад на група Сиријци. Л.О.(18) од Романија синоќа бил нападнат, а полицијата уапсила тројца сириски државјани.
Нападот се случил во градот Шверте во Северна Рајна Вестфалија. Л.О. бил прободен повеќе пати, по што паднал во крв на асфалтот. Екипите на итната помош набрзо пристигнале на местото на настанот.
Според „Билд“, нападот го извршиле Сиријци, од кои најмладиот има само 15 години. Уапсени се Ахмад Ал Т. (26), Сулејман А. (24) и Махмуд А. (15), откако по нападот се обиделе да побегнат. Обвинителството обвинува тројца Сиријци за обид за убиство.
Според неофицијални информации, станува збор за одмазднички напад. Наводно, претходно истата вечер избила расправија во која било нападнато 15-годишно момче од Сирија. Полицијата ги истражува овие наводи. Билд пренесува дека Сиријците го бркале младиот Романец, а потоа го избоделе со нож.
Л.О со хеликоптер бил пренесен во болница каде лекарите се борат за неговиот живот. На местото на настанот била и неговата мајка, а случајните минувачи ја смирувале. Не е познато дали жената била сведок на нападот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс