Песков: Русија не доби сигнали од САД за разговорот Трамп – Путин
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 27 Јануари 2025
Русија сѐ уште не добила никакви сигнали од САД во врска со контактот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој нагласи дека Путин сѐ уште е подготвен да се сретне со Трамп за да разговараат за прашања што се во интерес на двете земји, пренесува „РИА новости“.
„Досега не сме добиле никакви сигнали од Американците. Значи, работиме, како што велат, по сопствен распоред. Подготвеноста останува. Истата подготвеност, колку што слушнавме, се одржува и во САД. Очигледно е потребно извесно време“, им рече тој на новинарите.
Песков исто така рече дека конфликтот во Украина произлегува од заканата за руската национална безбедност и целосното одбивање на Западот да ја слушне загриженоста на руската страна за заканите за Русите што живеат на територии кои еднострано прогласија отцепување од Украина.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс