Инцидент на српскиот претседател Вучиќ: се откачи тркало на автомобилот со кој патуваше, се проверува дали пукнала гумата

Патувајќи кон Мокрин, на север од Србија, на претседателот Александар Вучиќ вчера му се случи инцидент, јавуваат српските медиуми. Се откачило едно од тркалата на автомобилот со кој патувал. Тој бил пренесен во друг автомобил, а посебна истрага која е во тек, треба да покаже што се случило.


По посетата на Меленци отидов во Мокрин пред големиот собир во Кикинда и на пат бев со мојот автомобил, а ќе ви дадам неколку објаснувања. Значи, дали пукна гумата, тоа треба да утврдат надлежните и тие ќе го утврдат тоа. Пристигнав во Мокрин и се префрлив во друг автомобил“, рече претседателот Вичиќ по инцидентот со тркалото.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.