Лавров: Зеленски се претвори во чист нацист и предавник на Евреите

Украинскиот лидер Володимир Зеленски по доаѓањето на власт се претвори во „чист нацист“ и предавник на Евреите, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за руска Звезда. Шефот на руската дипломатија смета дека украинскиот претседател станал таква личност за шест месеци.

Лавров рече дека Зеленски бил претворен во „нацист“ од неговите европски сојузници. Како што тврди, тие прво го доведоа Петро Порошенко на власт, а потоа и Зеленски. Актуелниот украински лидер, според министерот, дошол на власт со пароли за мир и барања „да се остави на мир рускиот јазик“. Потоа, за само шест месеци, тој беше „поттикнат“ да направи пресврт од 180 степени.

„Зеленски се претвори во чист нацист и, како што со право рече рускиот претседател Владимир Путин, предавник на еврејскиот народ“, рече Лавров.

Тој додаде дека Европа сака борбите да продолжат. Со своите предлози за распоредување мировни сили на украинска територија, земјите сакаат да го „поддржат“ Зеленски, истакна шефот на Министерството за надворешни работи на Русија.

Претходно американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Зеленски е неизбран диктатор. Тој го обвини политичарот и за исчезнување на американските пари што Вашингтон му ги додели на Киев.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.