НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Обвинителството на Босна и Херцеговина денеска издаде налог за приведување на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, премиерот на РС, Радован Вишковиќ, и претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ.

 

НАТО се огласи со изјава за ситуацијата во Босна и Херцеговина нагласувајќи ја својата позиција за стабилноста на регионот.

 

„НАТО останува цврсто посветен на стабилноста на овој регион и на суверенитетот, територијалниот интегритет и безбедноста на Босна и Херцеговина“. Тие повикаа на почитување на Дејтонскиот мировен договор.

 

„Ја поддржуваме Канцеларијата на високиот претставник, сите дејства што го поткопуваат Дејтон, уставниот поредок или националните институции се неприфатливи. Запаливите реторики и акции се опасни и претставуваат директна закана за стабилноста и безбедноста на Босна и Херцеговина“, додаваат тие.

 

„Генералниот секретар на НАТО ја истакна потребата политичките лидери во Босна и Херцеговина да го направат својот дел и да преземат одговорност за напредокот и стабилноста на својата земја“, се вели во соопштението, во кое се додава дека НАТО и меѓународните партнери активно ја следат ситуацијата и немаат намера да дозволат безбедносен вакуум.

 

„Генералниот секретар јасно стави до знаење дека ова не е 1992 година и дека НАТО и неговите меѓународни партнери се присутни и ангажирани во Босна и Херцеговина и нема да дозволат да се појави безбедносен вакуум. На крајот, тој истакна дека алијансата е посветена на соработката со Босна и Херцеговина“, се вели во соопштението на НАТО





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.