
Ердоган: Турција е еден од епицентрите на „мировната дипломатија“
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 12 Март 2025

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Турција не е само извор на стабилност во нејзиниот регион, туку и еден од епицентрите на „мирната дипломатија“.
На состанокот на парламентарната група на неговата Партија, Ергодан рече дека регионот на Блискиот Исток минува низ тежок процес на тензии и војни, како и други различни делови од светот, нагласувајќи дека Турција се обидува да придонесе за мирот и правдата надвор од нејзините граници, јави Анадолија.
„Како Турција, работиме на воспоставување клима на мир која обезбедува доверба и мир на сите страни на светот, особено на угнетените земји“, рече Ердоган, пренесува Танјуг
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
