Манекенка пристигна на ревија во интересна модна комбинација, луѓето ѝ се потсмеваат: „А тоа е облека?“

Модната недела во Париз привршува, а по десет дена модни настани кои го привлекоа вниманието на модната публика, особено се истакнаа некои модели. Меѓу нив беше и унгарската убавица Барбара Палвин.

 

 

Таа го привлече вниманието на ревијата на Баленсијага

 

Многу познати дизајнери се повеќе го прифаќаат трендот на истакнување на голотијата во своите колекции, па таканаречените „голи“ аутфити станаа вообичаена глетка на модните писти.

 

Барбара Палвин јасно го следи овој стил, кој го покажа на неодамнешното шоу на Баленсијага одржано во Париз, каде беше претставена колекцијата есен/зима 2025/2026 година.

 

Во таа прилика облекла чипкани чорапи, а се гледаше и нејзината долна облека. Барбара го искомбинира својот стајлинг со мала минималистичка чанта и предимензиониран капут.

 

Некои од нејзините следбеници го пофалија овој изглед, но имаше и такви кои не го криеја разочарувањето.

 

„Зошто сите се голи? Тоа не е ниту убаво, ниту елегантно“, „Јас ја сакам, но не мора да носи сè што и е кажано“, „Изгледа како ѕвезда на филм за возрасни“, „Сето тоа е убаво, но зошто мораше да ја покажеш својата долна облека“, „Јас ја сакам, но дури и таа не се чувствува удобно да го носи она што и го дадоа“, „А тоа е аутфит?“, „Па зошто не можеше да си дозволи нормална облека?“, се само дел од негативните коментари кои се појавија под фотографиите од ревијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.