Кремљ: Путин му испрати порака на Трамп во врска со прекинот на огнот

Кремљ денеска објави дека рускиот претседател Владимир Путин преку специјален пратеник му испратил порака на американскиот колега Доналд Трамп во врска со неговиот предлог за прекин на огнот во Украина и рече дека има причини за внимателен оптимизам.

 

„Путин доцна во ноќта имаше разговори во Москва со пратеникот на Трамп, Стив Виткоф, за предлогот за 30-дневен прекин на огнот во Украина“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Киев претходно ја прифати идејата.

 

Песков рече дека Путин испратил сигнали до Трамп преку Виткоф и дека рускиот лидер бил свесен за американските размислувања за Украина.

 

„Постојат одредени причини за внимателен оптимизам. Вчера слушнавте многу важна изјава на претседателот Путин, кој одговараше на прашање на новинар. Тој рече дека ја поддржува позицијата на претседателот Трамп за договорот, но покрена неколку прашања на кои треба заеднички да се одговори“, рече портпаролот на Кремљ.

 

„Значи, сигурно има уште многу работа да се заврши, но генерално, претседателот изрази солидарност со позицијата на г-дин Трамп“, додаде тој.

 

Песков најави дека Русија и САД ќе работат на организирање телефонски разговор меѓу двајцата претседатели, откако Виткоф го информирал Трамп за разговорот со Путин





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.