Ден на жалост во Бугарија поради трагедијата во Кочани

Министерскиот совет на Бугарија донесе одлука со која 18 март 2025 година е прогласен за Ден на национална жалост во спомен на жртвите кои загинаа под трагични околности во градот Кочани, Македонија.

Владата на Бугарија изрази сочувство до семејствата на загинатите. Во нивен спомен, во вторник на половина копје ќе бидат спуштени националните знамиња на државните институции. Во бугарските болници се згрижени 14 повредени во пожарот, а подготвени се да прифатат уште повредени, пренесува БГНЕС.

Бугарската држава обезбеди и превоз и сместување за роднините на повредените, за да можат да бидат во контакт и да им дадат поддршка на повредените.

Пожарот во дискотеката Пулс на 16 март во Кочани однесе 59 животи, а над 155 лица се хоспитализирани во Македонија и во странство.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.