Пукање во Загреб: маскирани напаѓачи застрелале маж додека одел во кафуле и побегнале со мотор

Загрепската полиција потврди дека во средата околу 8.35 часот во загрепска Дубрава со огнено оружје бил повреден 57-годишен маж, а неофицијално се работи за бизнисмен, еден од обвинетите на УСКОК за затајување данок при увоз на луксузни автомобили, пренесуваат медиумите во регионот.

 

„По пријавата дека денеска, 19 март, околу 8.35 часот во Дубрава, маж имал повреда на долните екстремитети, најверојатно како последица од прострелна рана, дојавата е потврдена по пристигнувањето на полициските службеници на местото на настанот“, објави полицијата.

 

Од таму додаваат дека е утврдено оти станува збор за 57-годишен маж кому му била укажана лекарска помош и дека нема опасност за други лица.

 

На местото на настанот се утврдуваат сите околности, соопштија кусо од полицијата.

 

Според „Јутарњи лист“, мажот бил застрелан додека одел на кафе во маалско кафуле. Маскиран маж му пришол одзади и му пукал во нозете по што побегнал. Полицијата се сомнева дека го чекал соучесник на моторот со кој двајцата избегале, пишува медиумот





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.