
Таравари: Eкспертски тим од Министертвото за здравство ќе ги разгледа сите факти за смртта на 32-годишникот од Куманово
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 19 Март 2025

„Во овие тажни часови за сите страшна вест ми стигна од Куманово. Животот на еден млад човек беше скратен на својот врв. 32-годишниот се викал Ведат Адеми“, објави на социјалните мрежи министерот за здравство, Арбен Таравари.
„Јас сум на првата линија на кочанската трагедија и срцето ми е скршено деновиве, а за Ведат беше уште еден удар… Изразувам сочувство до семејството!
Ја чувствувам болката на татко му, кој со свои нозе го однел синот во болница! Го разбирам неговиот револт кон докторот за кој се сомнева дека направил лекарска грешка!
Наредив експертски тим од Министертвото за здравство да ги разгледа сите факти и доколку тоа се докаже, ги повикувам правосудните органи строго да го спроведуваат законот!
Без никаков компромис, бидејќи грешките ни ги земаат најскапоцените работи…“, додава Таравари.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
