Сијарто: Неприфатливо е ЕУ да финансира проекти кои досега беа финансирани од УСАИД

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто денеска изјави дека е неприфатливо Европската комисија да финансира проекти претходно финансирани од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и да ги користи парите на даночните обврзници за финансирање, како што наведе, мешање во внатрешните работи на земјите-членки, со што се нарушува нивниот суверенитет.

 

Тој го поздрави фактот дека американскиот претседател Доналд Трамп „храбро и отворено се спротивставува на меѓународниот либерален мејнстрим“.

 

Тој, исто така, ја поздрави одлуката на администрацијата на Трамп да го прекине финансирањето на УСАИД, кое беше искористено за мешање во внатрешните работи на неколку земји.

 

Сијарто рече дека Унгарија започнала истрага за да ги идентификува политичарите, новинарите и организациите кои користеле ресурси поврзани со странски интереси





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.