
Британскиот министер за царините на Трамп: Нема да се двоумиме да одговориме
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 03 Април 2025

Британскиот министер за претпријатија и трговија Џонатан Рејнолдс ја коментираше најавата на Трамп за царини од 10 отсто за увозот од Велика Британија.
„Секогаш ќе дејствуваме во најдобар интерес на британските бизниси и потрошувачи. Затоа во изминатите неколку недели владата беше целосно фокусирана на преговарање за економски договор со Соединетите држави што ги зајакнува нашите постоечки фер и урамнотежени трговски односи“, рече Рејнолдс.
Тој ги повтори изјавите на неговите владини колеги, велејќи дека САД се „најблискиот сојузник на Британија“. „Пристапот треба да остане смирен и посветен на постигнување на овој договор, кој се надеваме дека ќе го ублажи влијанието на она што беше објавено денеска“, истакна тој.
„Имаме низа алатки на располагање и нема да се двоумиме да дејствуваме. Никој не сака трговска војна, а нашата намера останува да обезбедиме договор. Но, ништо не е надвор од масата, а владата ќе направи се што е потребно за да го одбрани националниот интерес на ОК“, најави тој.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
