
(Видео) Се активираше вулкан на Филипините, пепелта се издигна на околу 4.000 метри: постои ризик од опасна ерупција
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 08 Април 2025

Продолжува ерупцијата на вулканот Канлаон во централниот дел на Филипините, а колоната од пепел се издигна на околу 4.000 метри височина, соопшти националната сеизмолошка агенција.
Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Фиволкс) соопшти дека третото ниво на тревога останува во сила за областа околу планината Канлаон, објави Ројтерс.
Ниво 3, на скала од 5, значи дека постои зголемен ризик од текови на лава и ризик од опасна ерупција во следните неколку недели.
Планината Канлаон, активен вулкан лоциран помеѓу провинциите Негрос Оксидентал и Негрос Ориентал во централниот дел на Филипините, е еден од дваесетте активни вулкани во земјата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
