
(Видео) Снежна пролет и во Грција: бура во Солун, снег го покри и Халкидики, сцените се нереални
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 07 Април 2025

Од синоќа трае студената инвазија во Грција која во бело обви неколку области од северниот дел на земјата. Од раните утрински часови врнежи од снег се забележани во планинските и полупланинските делови на централна Грција. Во поголем дел од земјата се очекуваат врнежи, а на североисток спорадично невреме, додека попладне се очекува слабеење на овие појави.
Карактеристични се сликите од Солун, кој осамна со снежна бура во повеќе области, пишува Прототема.
Покрај тоа, падот на температурата денеска ќе биде позабележителен во централните и северните делови од земјата. Од вторник, 8 април, ќе биде зафатен остатокот од Грција, додека во повеќе области на во северниот дел на земјата ќе има мразови, главно во утринските и вечерните часови, до петок, 11 април.
Во понеделник нешто пред 02:00 часот во Солун почна да врне снег.
Како што може да се види на Фејсбук профилот на Forecast Weather Greece, во интервали има многу обилни врнежи од снег и на Полигирос на Халкидики.
Силно невреме со град вчера го зафати северниот дел на Халкидики, а особено е интензивно во областа Палеохори и Мегали Панагија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
