
Украина: Русите регрутираат деца за саботажа во Украина, најмладиот имал 12 години
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 08 Април 2025

Речиси една петина од луѓето што ги регрутираат руските специјални служби за задачи во Украина се малолетници, кои биле користени за подготовка на саботажа или терористички напади, изјави портпаролот на Службата за безбедност на Украина (СБУ), Артем Дехтаренко, во коментар за „Укринформ“.
„Русите за своите задачи најмногу регрутираат малолетници, невработени и луѓе со разни видови зависности. Според нашата статистика, 22 отсто од откриените сторители се малолетни, 55 се невработени, а другите се лица со криминално досие за разни кривични дела“, рече Дехтаренко.
Дехтаренко објасни дека малолетниците се поподложни на психолошка манипулација бидејќи младите не се во можност целосно да ги проценат последиците од своите постапки.
Портпаролот истакна дека подметнувањето пожари врз возила на украинските вооружени сили и саботажи на железницата се интензивирале во мај 2024 година, а масовното регрутирање деца за организирање експлозии почнало на почетокот на 2025 година.
„Од почетокот на 2025 година руските специјални служби повторно покажаа дека немаат црвени линии и дека се префрлија на терористички напади со употреба на експлозиви. Тие регрутираат, меѓу другото, тинејџери за такви злосторства“, рече Дехтаренко додавајќи дека најмладите извршители на руските наредби откриени од СБУ за време на палењето на канцелариите на Укрзалиц имле само 13 години.
Дехтаренко изјави дека, според податоците на Службата за безбедност на Украина, само во 2025 година СБУ и Националната полиција откриле повеќе од 50 малолетници, кои по наредба на Руската Федерација учествувале во терористички напади, палење автомобили и други злосторства
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
