(Видео) Со помош на ДНК научниците оживеајa волк од ледената доба, вид исчезнат пред 12.000 години

Вид волк што исчезнал пред 12.500 години е оживеан во лабораторија, објави биотехнолошката компанија „Колосал бајосаенсис“ од Далас.

 

Видеото можете да го погледнете на следниот линк: https://x.com/colossal/status/1909247817672957959?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1909247817672957959%7Ctwgr%5Ef441c5837c7625e472dd0a1767ff0ce47b6af7bb%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d181d0be-d0bfd0bed0bcd0bed188-d0bdd0b0-d0b4d0bdd0ba-d0bdd0b0d183d187d0bdd0b8d186d0b8d182d0b5-d0bed0b6d0b8d0b2%2F

 

Таканаречените страшни волци со години се инспирација за игрите, како Dungeons & Dragons и World of Warcraft, или сериите, како што е „Игра на тронови“. Ова животно досега живееше како митки симбол во имагинацијата, но тоа се менува.

 

Компанијата со седиште во Далас досега има произведено три легла страшни волци, вклучително и две машки младенчиња – Ромулус и Ремо – и една женка по име Калиси.

 

„Не би можел повеќе да се гордеам на нашиот тим. Ова е првиот од многуте докази дека нашата технологија за деизумирање навистина функционира“, рече основачот и извршен директор на компанијата, Бен Лам.

 

Нивната крајна цел е да го вратат волнениот мамут.

 

Процесот на деизумирање на страшниот волк почна со анализа на ДНК од два фосила – заб стар илјадници години пронајден во Охајо и 72.000 години стара коска од Ајдахо. Со помош на иновативен метод на итеративно склопување на геномот научниците го добија најкомплетниот геном на волкот досега.

 

Анализата покажа дека страшниот волк дели дури 99,5 отсто ДНК со сивиот волк. Сепак, откриени се и специјални изумрени генетски варијанти поврзани со посилни коски и мускули, подесени сетила и густо бело крзно – совршено за ледената доба.

 

Врз основа на ова беа направени 20 насочени прецизни промени на 14 гени. Инженерските клетки на сивиот волк потоа беа тестирани повеќепати, а најуспешните беа клонирани и имплантирани во јајце-клетки. Ембрионите биле носени преку сурогат-мајки од други видови – и на тој начин се родил страшниот волк.

 

„Истите овие технологии може да помогнат да се спасат многу загрозени видови во светот“, вели д-р Кристофер Мејсон, советник во „Колосал“.

 

„Ова е огромен чекор напред во областа на генетскиот инженеринг и одличен пример за тоа како биотехнологијата може да го зачува – и обнови – животот.

 

Ново-старите жители на планетата сега живеат на ограден еколошки резерват од над 800 хектари. Целата област е обезбедена со висока ограда и современи безбедносни системи, а волците се надгледуваат со помош на камери, дронови и чувари.

 

Резерватот им обезбедува трајна грижа, храна и заштита, а во иднина се планира нивно дислоцирање во уште поголеми природни простори.

 

Тие биле поголеми и посилни од сивиот волк, а омилен плен им биле бизоните и коњите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.