
(Видео) Српската полиција приведе демонстрант и го стави во автомобил, тој излезе од другата врата
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 09 Април 2025

На социјалните мрежи се споделува видео снимено за време на вчерашниот протест во Нов Белград, кога жителите протестираа против планираната изградба на хотел, голем супермаркет и кафуле веднаш до станбена зграда, пишува „Н1 Србија“.
На протестот, според написите, интервенираше и полицијата.
На снимката се гледа како полицијата приведува маж, според написите, најверојатно еден од учесниците на протестот. Но, додека полицајците се расправале со насобраните граѓани кои протестираат, истиот човек излегол од полициското возило низ друга врата.
Потоа мажот повторно се обратил до полицијата додека ја проверувале личната карта на друг учесник на протестот, но тие не ни забележале дека се работи за истиот човек, пренесува медиумот
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
