
Германски новинар осуден на затвор, ја исмеал министерката за внатрешни работи
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 09 Април 2025

Главниот уредник на германскиот портал „Дојчландскурир“, Дејвид Бенделс, е осуден на седум месеци условна казна затвор поради објавување фотомонтажа од германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фесер.
Окружниот суд во Бамберг го осуди Бенделс на седуммесечна условна затворска казна, пренесува Tagesspiegel.
„Дојчландкурир“ со фотомонтажа на социјалните мрежи ја исмеа германската министерка за внатрешни работи. На фотомонтажата Фесер е прикажана како држи транспарент пред себе, на кој пишува „Ја мразам слободата на говорот“.
Според мислењето на судот, ова оставило впечаток дека се работи за цитат од самата Фесер и било забележано дека не е очигледно оти станува збор за сатиричен пост.
Бенделс е осуден за клевета против политички личности. Мора и писмено да ѝ се извини на министерката.
Бенделс најави дека има намера да поднесе жалба на пресудата.
„Нема да ја прифатам оваа пресуда и ќе се бранам со сите правни средства што се на располагање“, напиша тој на социјалните мрежи.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
