(Видео) Принцезата Кејт: Природата беше мое засолниште во текот на изминатата година

 

Кејт, британската принцеза од Велс, откри дека природата ѝ била засолниште во текот на изминатата година додека била подложена на превентивна хемотерапија против ракот, која има цел да го спречи рецидивот откога главниот тумор ќе се отстрани од телото.

 

Видеото можете да го погледнете на следниов линк: https://x.com/KensingtonRoyal/status/1921884842318283049?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1921884842318283049%7Ctwgr%5E88e53368e33fb65a984852ed08e8e9261acfbc8c%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fzanimlivosti%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d0bfd180d0b8d0bdd186d0b5d0b7d0b0d182d0b0-d0bad0b5d198d182-d0bfd180d0b8d180d0bed0b4d0b0d182d0b0-d0b1d0b5d188d0b5%2F

 

Во видео објавено на „Икс“, во кое корисниците ја гледаат со сопругот, престолонаследникот Вилијам, среде британскиот пејзаж, Кејт зборуваше за важноста на природата за неа.

 

„Во текот на изминатата година природата беше мое засолниште“, рече таа во видео објавено по повод Неделата на свеста за менталното здравје, главната тема на кампањата на двојката.

 

„Способноста на природниот свет да нè инспирира, да нè негува и да ни помогне да се лекуваме и да напредуваме е неограничена и е присутна со генерации“, додаде таа.

 

Пред речиси една година 43-годишната Кејт драматично објави дека ќе се подложи на хемотерапија кога тестовите по големата абдоминална операција во јануари минатата година покажаа дека има рак, иако видот не беше откриен.

 

Таа го заврши третманот во септември и претходно оваа година објави дека сега е во ремисија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.