
(Видео) Први снимки од силниот земјотрес на Крит: автомобилите се тресат, сè паѓа на подот во маркетите, оштетени згради
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 22 Мај 2025

Жителите на Крит се загрижени откога силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди островот рано утрово и беше почувствуван во цела Атика.
Според локалните медиуми, жителите скокнале од креветите со сведоштва дека сеизмичкиот потрес бил проследен со силен татнеж, а многумина ги напуштиле своите домови заради безбедност.
Пристигнаа првите снимки од земјотресот. На една се гледа како автомобилите и каблите на улицата се тресат, а може да се слушне и татнеж.
Во супермаркетите производите паѓаа од полиците предизвикувајќи штета, пишува „Прототема“.
По земјотресот со јачина од 6,1 степени по Рихтер, во областа беа регистрирани уште девет последователни потреси, при што најмалиот беше со јачина од 2,5 степена според Рихтеровата скала, а најголемиот со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
