Грушко: Русија нема непријателски намери кон Финска и Шведска

Русија нема непријателски намери кон Финска и Шведска, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко.

Како што наведе, Москва е свесна за развојот на ситуацијата и дека Алијансата веднаш ќе објави потреба од распоредување на нови контингенти на северното крило, пренесе Новости.

Грушко во изјава за новинарите ја коментираше намерата на Финска и Шведска да влезат во НАТО.

– Сето тоа се вклопува во неславната потрага по непријателот, што во практична политичка и воена смисла се рефлектира во демонизацијата на Русија, припишувајќи ѝ непријателски намери на Русија кон земјите за кои е невозможно да се мисли такво нешто – рече Грушко.

На Русија и е јасно како ќе се развиваат работите кога ќе се реализира тоа членство.

- Земјите од НАТО веднаш ќе се изјаснат дека северното крило е многу ранливо, дека границата со Русија е долга 1.300 километри. Должината на границата меѓу НАТО и Русија сега достигна 1.300 километри. Таа граница треба да се заштити и затоа е неопходно да се распоредат дополнителни контингенти, објасни дипломатот, пренесуваат медиумите





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.