Северна Кореја истрела десет балистички ракети, Јужна Кореја возврати
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 02 Ноември 2022
Северна Кореја истрела три балистички ракети со краток дострел во Источното Море и најмалку седум други проектили од различен тип, вклучително и едната што беше насочена кон јужнокорејскиот остров Улеунг пред да падне во близина на источниот брег, соопшти началникот на здружениот штаб на Јужна Кореја.
„Армијата на Република Кореја никогаш не може и нема да толерира таква провокација од Северна Кореја. Јужна Кореја и САД тесно ќе се координираат, ќе реагираат строго и цврсто“, додаваат од ЈЦС.
За прв пат проектилите паднаа во близина на јужнокорејскиот брег. Еден проектил паднал на 26 километри јужно од линијата за разграничување на Северот, еден на 57 километри од јужнокорејскиот град Сокчо на источниот брег и еден на 167 километри од Улелунг, објави Јужна Кореја,пренесе Индекс.хр.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс