Здравје/Фитнес
Мечкин лук, билка за ефикасно пролетно чистење на организмот
- Детали
- Категорија: Здравје/Фитнес
- Создадено: 08 Март 2019
Зимата е период кога помалку се движиме, а повеќе јадеме и тоа најчесто потешка и помрсна храна. Па, доаѓањето на пролетта е одличен поттик да се исчисти телото од штетните материи и отрови кои се наталожиле во зимскиот период.
Експертите велат дека пролетната детоксикација на организмот не само што ќе не направи поздрави и поотпорни, туку ќе помогне и во намалување на вишокот килограми кои се наталожиле во зимскиот период. Според експертите ако сме во добра здравствена состојба, нашето тело ќе се справи одлично не само со детоксикацијата, тука овде се мешаат и други фактори кои влијаат безусловно. Загадениот воздух, вода, храна - сите тие водат до зголемување на вредностите на штетните материи во организмот. Исто така детоксикацијата или чистењето на организмот ни помага да ја вратиме енергијата, да се ослободиме од поспаноста и заморот и повторно да воспоставиме рамнотежа. Неправилната работа на организмот може да предизвика многу тегоби, а за да не се случи тоа, потребно е одвреме навреме да направиме детоксикација на организмот.
За да се направи детоксикацијата се препорачува да се конзумира повеќе овошје и зеленчук, како авокадо, брусница, јагоди, грејпфрут, зелка, брокула, се препорачува да се пие вода бидејќи таа ги мие бубрезите и црниот дроб и го хидрира организмот. Исто така нутриционистите препорачуваат да се конзумира повеќе лимон, бидејќи лимоните се одличен избор за сокови и салати затоа што содржат витамини и антиоксиданси. Со нивното секојдневно конзумирање може значително да се подобри здравјето. Покрај овошјето и зеленчукот, за детоксикација на организмот се препорачуваат и чаевите, но не сите чаеви туку билкарите за оваа намена препорачуваат посебни видови чаеви со комбинација на билки за чистење на организмот. Таквите чаеви не содржат кофеин.
Браќата Дејан и Христијан Ачкоски веќе подолго време работат со билките и тие за најдобра билка која ефикасно делува на организмот ја издвојуваат билката мечкин лук. Но не само мечкиниот лук, за чистење на организмот постојат и уште многу други билки за кои граѓаните помалку знаат.
Браќата Ачкоски исто така велат дека детоксикација на организмот не треба да се прави само на пролет, туку најдобро за организмот е да се чисти четири пати во годината.
Покрај сите овие билки, овошје и зеленчик исто така за за доброто на организмот се препорачува и смеењето, не без причина луѓето рекле дека смеењето е најдобриот лек. Во најмала рака ќе ја намалите „тежината“ на стресот, кој го носите на грб. Одделете дневно барем по 30 минути за физичко оптоварување. Потењето е многу добар начин да го прочисти вашето тело од токсините и дури од тешки метали.
.be
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс