Најави за бојкот на маркетите и во Македонија поради високите цени

Пораки за бојкот на маркетите во Македонија поради високите цени на производите осамнаа на социјалните мрежи, по примерот на Хрватска и Црна Гора.

Според фотографијата којашто се рашири на мрежите, граѓаните се повикуваат да не пазарат в петок, на 31 јануари, за да биде гласно испратена пораката дека покачувањата на цените се нерелани.

Бојкотот на маркетите почна минатата недела во Хрватска, по што се прошири и кон Црна Гора и БиХ.

На темата утрово се огласи и опозициската СДСМ, од каде што ја обвинија Владата и премиерот Мицкоски дека се целосно виновни што трендот од регионот за бојкотирање на маркетите се пренесува и кај нас.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.