Герасимовски: Центар ги исчисти улиците во Маџир Маало, каде што надлежност има Град Скопје

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека утрово, Општина Центар заедно со директорот Душко Коцевски и вработените на јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар – ПОЦ ги исчистија јавните површини во населбата Маџир маало кадешто надлежност има градот Скопје.

 

„Вчера, веднаш се мобилизиравме и еве утрово спроведуваме голема акција за чистење на нашата општина. Ја исчистивме населбата Маџир маало кадешто надлежност има градот Скопје. Тука долго време сметот не беше тргнат. Во акцијата вклучена е целата механизација со цистерна за миење на улиците, две метларки за поефикасно чистење на улиците и камион за собирање на смет. Активирани се 120 хигиеничари кои оваа недела секојдневно ќе бидат на терен за поголема чистота на Центар. Со акцијата ги подигнуваме хигиенските стандарди во нашата општина, и обезбедуваме почиста и посредена околина за сите нас”, вели Герасимовски.

 

Герасимовски упатува апел до градот Скопје да ги преземе своите обврски сериозно и да ја исполни својата улога во одржувањето на чистотата во општина, на јавните површини кадешто градот и градоначалничката Данела Арсовска се надлежни.

 

Општина Центар во текот на целата недела темелно ќе ги чисти јавните површини, откако пред два дена градот Скопје ги остави центарските улици во смет, додаваат од општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.