Арсовска да води поголема грижа за градот: Герасимовски ги повикува граѓаните да пријават проблеми со јавната чистота во Центар

Општина Центар ги повикува граѓаните да пријават проблеми со јавната чистота на територија на општината со цел брза интервенција на службите.

 

Граѓаните можат да пријават смет и диви депонии на следните телефонски броеви: 076/350-767 и 02/3203-693 е наведено во соопштението.

 

„Ги повикувам сите граѓани да пријават проблем со јавната чистота во Центар. Телефонските броеви се активирани и граѓаните можат да ни испратат фотографија од населеното место коешто треба да биде исчистено, а градот Скопје не си ја има завршено својата основна задача. Нашите служби веднаш ќе излезат на терен и ќе се погрижат за хигиената во општината. Спроведуваме акција за чистење на јавните површини во Центар откако пред два дена градот Скопје ги остави центарските улици во смет. Во понеделникот се соочивме со лоша глетка којашто е недозволива за централното градско подрачје. Апелирам до градот Скопје и градоначалничката Арсовска да водат поголема грижа за градот, особено за чистотата на улиците кадешто имаат надлежност за да не се соочиме повторно со смет. Граѓаните заслужуваат чиста општина. Центар не чека, Центар чисти“, вели Герасимовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.