Кочоска: 10,4 милиони евра е вредноста на првата транша што ја исплати Министерството за финансии за поддршка на компаниите од унгарскиот заем

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност.

„Министерството за финансии денеска до Развојната банка ги префрли средствата од централниот Буџет, кадешто се планирани вкупно 250 милиони евра наменети за поддршка на домашната економија. Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолни услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Дмитриевскса Кочоска и додаде:

 

„Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот“.

Поради големиот интерес од компаниите, премиерот Христијан Мицкоски вчера рече дека добил инспирација Владата да обезбеди уште „евтини пари“ како оние од унгарскиот кредит оти, како што рече, „бизнисот е гладен“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.