Герасимовски: Се чистат две критични депонии на Кале, Општина Центар во акција

Општина Центар денеска работи на чистење на две критични диви депонии – под Кале и на крак од улицата „Самоилова”, зад Американската амбасада. Со механизација, багери и камиони, беше подигнат крупен отпад и шут, кој со години наназад претставува сериозна закана за животната средина и здравјето на жителите, информираат од Општина Центар.

 

Се работи, како што појаснуваат, за локации кои и покрај постојаните интервенции на општината, постојано се полнат со смет и отпад, и буквално преку ноќ се претвораат во жаришта на загадување и извор на потенцијални здравствени ризици.

 

Паралелно со оваа акција, вчера службите на ПОЦ интервенирале и во Маџир Маало, каде што по пријава од граѓаните било целосно расчистено уште едно сметиште.

 

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потсетува дека пред само дваесетина дена на барање на жителите беше расчистена и долгогодишната депонија во близина на Ист Гејт Мол.

 

„Чистотата е наша заедничка обврска! Сите мораме активно да придонесуваме за одржување на уреден и здрав град. Ова е борба која сите нас не засега”, вели Герасимовски.

 

Општина Центар и градоначалникот Герасимовски апелираат до граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота, да не го оставаат отпадот на недозволени места и со своето однесување да придонесат за создавање на чиста и здрава животна средина.

 

Само заедно можеме да изградиме град каков што заслужуваме – почист, поуреден и поубав, нагласуваат од општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.