
Прегазени двајца малолетници на „Партизанска“: возачот на автомобилот уапсен
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 24 Март 2025

Денеска (24.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Р.(26) од Скопје затоа што околу 13.50 часот на бул. “Партизански одреди” во Скопје со патничко возило “ауди” со скопски регистерски ознаки, удрил во малолетен пешак и малолетник кој туркал велосипед.
Двајцата малолетници со Итна медицинска помош се пренесени во клинички центар “Мајка Тереза” во Скопје за укажување лекарска помош.
Извршен е увид од СВР Скопје и надлежен обвинител.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапк, соопшти МВР
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
